
Официјално: Мурињо се врати таму каде што започна сè!
За разлика од тогаш кога беше на почетокот од својот пат, Мурињо сега се враќа како искусен тренер со бројни трофеи, рекорди и успеси зад себе.
Со португалскиот гигант, Мурињо стави потпис на договор до 2027 година. Во Португалија, Мурињо пристигнува само неколку недели по отказот кој го заработи во Фенербахче.
Интересно е што во плеј-офот за Лигата на шампионите сезонава со турскиот клуб загуби токму од Бенфика.
Бенфика за Мурињо е негов 11-ти клуб во кариерата претходно беше тренер уште на: Леира, Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотнем и Рома.
🦅 Bem-vindo, José Mourinho!
— SL Benfica (@SLBenfica) September 18, 2025
Фото: FIFA/X