
Фуксе Берлин го совлада Алборг, Нант загуби на гости кај Веспрем
Во првите 15 минути во Берлин се играше израмнето (7-7), по што Фуксе влезе во ритам и со 17-13 замина на полувремето.
Алборг не успеа да го загрози водството на Фуксе во вториот дел, па на крајот домашниот состав триумфира со 31-28.
Најефикасен во победничкиот тим беше Гидсел со осум голови, додека Јенсен и Арнолдсен постигнаа по пет за Алборг.
Унгарски Веспрем имаше добар почеток, но Нант најави дека ќе биде незгоден ривал и пред паузата стигна до 15-15.
Нант влезе во криза во нападот, а тоа знаеше да го искористи Веспрем за на крајот да триумфира со 30-25.
Најдобар во победничкиот состав беше Деска со осум голови, додека Леополд и Бос запишаа по пет гола за Нант.
На последниот меч вечерва, Спортинг Лисабон го совлада Кјелце со 41-37, а најефикасни беа Салвадор и Кошта со по девет голови.
Фото: Facebook/Füchse Berlin