
Ѓорческа со три загубени гема ја мина втората пречка во Куршумлијска Бања!
Ѓорческа која игра во одлична форма, без проблем се справи со втората пречка на турнирот во Куршумлијска Бања, Србија и се пласираше во четвртфиналето.
Првиот сет го доби перфектно, без загубен гем. Одлична беше и во вториот сет, со таа разлика што овојпат противничката се израдува на три гема.
Ѓорческа е втора носителка на овој турнир, првата носителка беше елиминирана во првото коло, а тоа значи дека сега Македонката на хартија е најголема фаворитка за освојување на трофејот.