
Тренерот на Работнички делумно ја доби битката со Шкупи - чаирчани ќе му исплатат 43.000 евра!
Турскиот стратег го напушти Шкупи во мај оваа година, а се тужеше со чаирскиот клуб поради неисплатени плати.
Сега Шкупи ќе треба да му исплати:
10.136,49 евра како заостаната плата, заедно со камата од 5% годишно, пресметана за секој поединечен износ и период на доцнење:
– 1.136,49 евра од 16 април 2025 година,
– 3.000 евра од 16 мај 2025 година,
– 3.000 евра од 16 јуни 2025 година,
– 3.000 евра од 6 јули 2025 година, сè до денот на целосна исплата.
Дополнително, клубот е должен да исплати 33.000 евра како обесштетување за раскин на договорот, заедно со законска камата од 5% годишно, почнувајќи од 6 (месецот ќе се наведе во целосната одлука) 2025 година, до денот на целосна исплата).
Исто така според правилникот Шкупи има обврска оваа сума да ја исплати во рок од 45 дена во спротивно може да се соочи со дополнителни санкции како забрана за регистрација на фудбалери.
Ова е само уште еден во низата проблеми со кои Шкупи се соочува, а клубот во овој момент и понатаму нема стадион кој ги исполнува ВАР условите за да игра домашни натпревари. Не им оди ниту со резултаите и по шест кола се единствениот тим без бодови на последното место на табелата.