Екс-фудбалер на Челси со потресна објава: Знам дека ќе живеам уште неколку дена...
Белгиецот, кој во лондонскиот клуб пристигна во 2012 година заедно со браќата Тика и Чарли, помина две години во младинските категории, по што се врати во татковината и настапуваше за Мехелен, а подоцна се пресели во Шпанија во екипите на Лагостера и Паламос, стигна и до Коннго во екипата на Мозембе.
Мусонда зад себе има и девет настапи за репрезентацијата на Белгија до 21 година, кариерата ја заврши во 2020 година.
Сега во емотивна објава на социјалните мрежи тој порача дека не очекува уште долго да живее
„Како што сфаќам дека ми останале само неколку дена, така сфаќам и дека имав многу луѓе покрај себе и секогаш ќе ги ценам спомените. Животот е тежок, но погледот е прекрасен. Низ годините ќе се соочите со подеми и падови и никој не може вистински да ја разбере болката низ која поминувате.
Последните две години ми беа особено тешки и исполнети со предизвици. Со голема тага објавувам дека се борам да го повратам здравјето. Тоа е причината зошто бев отсутен од социјалните мрежи. Морам да се соочам со факти, моето здравје е критично и сега се борам за преживување. Вашата помош и молитви ќе ми значат многу во овој момент. Моето семејство и јас се бориме и нема да се откажам до последниот здив“
Имав среќа што имав убав живот и сè уште имам толку многу да понудам. Но, има толку многу прекрасни луѓе на кои би сакал лично да им се заблагодарам, а помислата дека можеби нема да добијам шанса за тоа длабоко ме растажува“, објави Мусонда.
Неговата објава предизвика лавина од пораки за поддршка, по што тој повторно се огласи за да им се заблагодари на сите. Мусонда порача дека се надева дека ќе биде запаметен како човек кој не барал восхит, туку како некој што оставил искрен впечаток кај луѓето кои ги сретнал.