Дешамп се запиша во историјата - ги достигна Загало и Бекенбауер (ФОТО)

Францускиот селектор Дидие Дешамп се запиша во историјата на Светските првенства и стана само третиот, кој успеал да освои светска титула и како фудбалер и како селектор на Мундијалите.

Дешамп ја предводеше како капитен Франција пред две децении, кога „триколорите“ стигнаа до првата светска титула, а сега по две децении подоцна како селектор ја предводеше Франција од клупата до втората светска круна во историјата.

Само Бразилецот Марио Загало и Германецот Франц Бекенбауер стигнаа до ваков успех во минатото. Загало како фудбалер освои две титули во 1958 и 1962, а како селектор во 1970 година. Бекенбауер, пак, како фудбалер беше светски шампион во 1974, а како селектор на „елфот“ во 1990 година.