
Дешам: Логично е после мене, Зидан да биде селектор на Франција
„Двајцата имаме голем респект еден за друг. Последен пат се видовме летото 2023 година, но во следниот период повторно ќе се сретнеме. Зизу е одличен кандидат за следен селектор и тоа е очекувана варијанта, само не знам дали и тој има желба“, рече Дешам.
Двајцата беа во француската репрезентација во нејзините најѕвездени моменти, кон крајот на 20. и почетокот на 21. век кога „триколорите“ доминираа на големите натпреварувања. Дешам е селектор на Франција од 2012 година и има титули од Светското првенство во Русија и Лигата на нации во 2021 година.