ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА: Мексико и Јужна Африка го отвораат СП, па следи дуел на Јужна Кореја и Чешка
Првиот натпревар од Мундијалот се игра денеска од 21 часот на култниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити, а тоа ќе биде реприза на отворањето на СП од 2010 година кога Јужна Африка го пречека Мексико.
Натпреварот пред 16 години заврши без победник (1-1), но денес ситуацијата е поразлична, односно Мексико влегува како голем фаворит во овој натпревар.
Во групата А потоа следи дуелот меѓу Јужна Кореја и Чешка, кои ќе се соочат во 4 часот. Овие две селекции досега се соочиле три пати во пријателски натпревари, при што двете репрезентации имаат по една победа, а еден меч заврши нерешено.
Фото: Facebook/FIFA World Cup