Челси не штеди и ова лето – ќе плати над 100 милиони евра за двајца напаѓачи!

Џејми Бајно Гитенс наскоро треба да и официјално да стане фудбалер на Челси, но тој како што стојат работите нема да биде единствено засилување на „сините“ во офанзивата.

Според најавите на Фабрцио Романо, Челси сака да го доведе и фудбалерот н Брајтон, Жоао Педро. За Гитенс лондонскиот клуб ќе издвои сума од околу 55 милиони евра, додека Брајтон за својот напаѓач бара над 60 милиони евра.

Младиот англиски фудбалер кој подолг период беше на мета на „сините“ во изминатата сезона играше на високо ниво во дресот на „милионерите“. Од друга страна за Педро постоеше нтерес и од други премиерлигашки клубови, но Челси го зголеми интезитетот во преговорите и сега е блиску да ја заврши работата.

Се очекува Педро даа пристгине набрзо по комплетирањето на трансферот на Гитенс.