Бура носи сѐ пред себе, а Американците си уживаат во - рагби (ВИДЕО)

Во американската НФЛ-лига беше одигран натпревар меѓу Бафало билс и Њу Ингланд патриотс, а триумф запишаа гостите со 14-10, иако условите на натпреварот беа ужасни.

Голема бура создаде вистински хаос, но тоа не ги спречи спортистите да уживаат во рагбито, иако ветрот беше силен и ги натера организаторите да размислат за одложување на натпреварот.

Меѓутоа, љубовта кон спортот беше посилна од невремето, кое не ги запре Американците да уживаат во нивниот спорт.