Британски "Сан": Англија нема да игра на СП во Русија!?

Британските медиуми денеска објавија бомбастична вест која би можела да ја одбележи фудбалската историја за сите времиња, а за сето тоа виновна е политиката.

Фудбалската репрезентација на Англија одлично ги одигра квалификациите за Светското првенство и се пласираше на завршниот турнир во Русија, но Кејн и пријателите би можеле сепак да останат дома.

За сѐ е виновна политиката, тоест конфликтот помеѓу Велика Британија и Русија околу труењето на рускиот шпион Сергеј Скрипаљ. Двете држави изнесоа низа обвиненија едни против други.

Британски „Сан“ денеска пишува дека сѐ погласни се пораките дека една од санкциите на „кралството“ кон Русија би можела да биде нивната селекција да не игра на Светското првенство. Тоа би можело да поттикне и други држави да повлечат ист ваков потег, а еден од поистакнатите политичари во Лондон повика да ѝ се одземе правото на организација на Русија на еден ваков настан.

„Доколку Путин не ја појасни ситуацијата околу смрта на Скрипаљ. ФИФА би требало да ѝ го одземе правото на домаќинство на Русија“, истакна Тим Фарон, поранешен претседател на либерално-демократската партија.