„Ако не ме сака Јунајтед, ќе одам во друг клуб и ќе освојувам титули“

Манчестер јунајтед вчера славеше против градскиот ривал Манчестер јунајтед со 2-1 во финалето на ФА-купот, но тоа не ги запре шпекулациите дека тренерот Ерик Тен Хаг ќе добие отказ.

Тен Хаг по натпреварот испрати директна порака до навивачите и раководството на „црвените ѓаволи“ за неговата иднина.

„Две титули во две сезони и три одиграни финалиња. Не е лошо. Ако повеќе не ме сакаат во клубот, ќе заминам на друго место и ќе освојувам пехари“, кажа Тен Хаг.