„Бомбоњера“ беше исполнета, но и на улиците имало илјадници навивачи! (ВИДЕО)

Утре се игра реваншот во Копа Либертадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс, а вчера имаше огромен интерес за тренингот на Бока.

Фудбалерите на Бока вчера на својот стадион го одработија тренингот пред Суперкласико, а на трибините имаше речиси 50.000 навивачи.

Сепак, не беше само „Бомбоњера“ исполнета, туку многу Аргентинците останаа и надвор од стадионот и им дадоа голема поддршка на своите миленици.