Балканско лудило: Срби нападнале Хрвати во Москва и им го украле знамето! (ФОТО)

Нетрпеливоста помеѓу најголем дел од народите на Балканот редовно се пресликува и на Мундијалот во Русија, каде што вчера се случил инцидент помеѓу српски и хрватски навивачи во Москва во кој подебелиот крај го извлекле фановите на „коцкестите“.

Според медиумите од северното соседство, навивачка група од Земун нападнале Хрвати од Широки Бријег (БиХ) и им го украле знамето, со кое подоцна се фотографирале пред локал во руската престолнина. Ова е сосема спротивно од досегашното искуство помеѓу навивачите на двете поранешно-југословенски републики на СП во Русија, кои најчесто само заедно се фотографираа.

Хрватска утре ќе ги одмери силите со Исланд во Ростов на Дон додека Србија задутре ќе се сретне со Бразил во Москва.