Баерн го издржа притисокот, ја победи Бока и влезе во осминафиналето (ВИДЕО)

Германскиот првак Баерн ја оствари втората победа на Светското клупско првенство откако ноќеска ја совлада Бока Јуниорс со 2-1 и со тоа обезбеди пласман во осминафиналната фаза.

Аргентинците имаа огромна поддршка од трибините што им создаваше големи проблеми на фудбалерите на Баерн, па тие дури во финишот дојдоа до триумфот. Кејн во 18. минута го отвори резултатот, за Мигел Мерентиел во 66. да израмни на 1-1. Се чинеше дека така ќе заврши овој натпревар, но Олис во 84. минута му донесе победа на баварскиот тим кој сега има ситуација што го води во нокаут фазата.

Воедно, ова беше прва победа на европски тим над јужноамерикански ривал на Светското клупско првенство.

Во вториот меч од оваа група, тунискиот Есперанс го победи Лос Анџелес со 1-0, благодарение на голот на Белали во 71. минута. Буанга можеше да му донесе боде на тимот од Калифорнија, но промаши пенал во 101. минута.