Баерн ги прекина преговорите со Кимих, четири гиганти ја следат ситуацијата

Eден од најважните фудбалери на Баерн Минхен би можел да стане слободен на крајот на оваа сезона бидејќи преговорите за продолжување помеѓу него и клубот не одат во најдобра насока.

Баерн според пишувањето на германските медиуми ја повлекол својата понуда за нов договор на Кимих поради предологот размислување на фудбалерот.

Ситуацијата со Кимих ја следат неколку големи европски клубови како: Арсенал, Ливерпул, Манчестер сити, Реал Мадрид и Барселона кои се заинтересирани да го доведат без оштета.

Сепак, во овој момент изгледа дека Кимих е прва мета на Арсенал кој бара засилување во средниот ред со оглед на можните заминувања на Томас Парти и Жоргињо.

Иако Кимих е еден од најважните и под водство на Компани неговата несигурност околу новиот договор отвора простор за негово заминување.