Астон вила немаше решение за Сар, Кристал Палас прв финалист во ФА Купот (ВИДЕО)

Екипата на Кристал Палас е првиот финалист во ФА Купот каде што се пласираше со денешниот триумф над Астон Вила од 3-0.

Кристал палас предводен од одличниот Сар одигра на високо ниво и заслужено обезбеди место во битката за трофејот.

Резултатот го отвори Езе по асистенција на Сар во 31. минута и тоа беше единствениот погодок во првото полувреме. По десетина минути игра во вториот дел Палас доби пенал, меѓутоа Матета не го реалзиираше.

Сепак, само десет минути подоцна Сар го постигна својот прв гол за предност од 2-0. Точка на натпреварот беше ставена во четвртата минута кога Сар и вторпат ја погоди мрежата на Емилијано Мартинез

Во финалето Кристал палас ќе го чека подобриот од пресметката помеѓу Нотингем и Манчестер сити.