Арсенал подготвен за ремонт, четворица се пред заминување, а ќе се трошат милиони!

По поразот во финалето на Лигата на шампионите и освојувањето на Премиер лигата, Арсенал би можел да направи големи промени во ростерот, најавува „Дејли Мејл“.

Лондонскиот клуб планира да ја засили екипата со лево крило, наѓачач, десен бек и фудбалер за врска..

За да се балансираат клупските финансии и покрај високите приходи, „топчиите“ ќе мора да продадат одредени фудбалери, меѓу кои се Габриел Жезус, Бен Вајт, Габриел Мартинели и Леандро Тросар.

Во меѓувреме, еквадорскиот дефанзивец Пиеро Хинкапие е на радарот на Барселона, што би можело да му донесе на Арсенал брза заработка веднаш по неговото доаѓање од Баер Леверкузен.

Меѓу потенцијалните засилувања се споменуваат: Морган Роџерс од Астон вила и тандемот од Њукасл, Тино Ливраменто и Сандро Тонали.

Арсенал внимателно ја следи и ситуацијата околу напаѓачите Хулијан Алварез и Маркус Рашфорд.  На листата желби се и млади таленти како Виктор Валдепењас од Реал Мадрид и перспективното крило на Лестер, Жереми Монга.

Останува да видими колку од плановите на Арсенал ќе бидат реализирани во летото кое следи.

Фото: Arsenal FC