Вчерашното отворање на Мундијалот во Катар привлече 67.000 фудбалски фанатици на трибините, од кои многумина беа креативни во изборот на гардеробата со цел да ја поврзат домашната култура со државата од која доаѓаат, а меѓу најуникатните беше Аргентинец облечен како пророкот Мухамед.

Тој беше облечен во арапска носија, но неговата облека не беше целосно бела туку беше во боите на аргентинското знаме. Највпечатливо беше што на неа беше исцртан ликот на богот во кој тој верува, а тоа е – Лионел Меси.

Како дополнение, од задната страна можеше да се види и ликот на Диего Марадона, како тогаш дека тој се уште не е за заборавен.