Аргентина се жали до ФИФА поради скандалот на Олимписките игри

Фудбалскиот сојуз на Аргентина испрати жалба до Светската фудбалска федерација поради скандалот на мечот против Марокот на Олимписките игри во Париз.

Мечот беше прекинат во 16. минута од судиското надополнување по гол на Аргентина за 2-2, по што прекинот траеше два часа, а ВАР-технологијата го поништи погодокот на „гаучосите“.

Аргентинците се вратија на теренот да го доиграат дуелот против Мароко, но загубија со 1-2, а тоа посебно го изнервира легендарниот Хавиер Маскерано.


„Поголем циркус немам видено во животот“, кажа Маскерано.