
Арапите жестоки: Одредена казната за испадот на Роналдо
Шпанските медиуми откриваат дека за вулгарните гестикулации кон противничките навивачи, на Португалецот веќе му е одредена казната. Неофицијално, таа ќе изнесува суспензија од два меча и парична казна која уште не е позната.
На Роналдо ова му беше втор испад во период од 15-тина дена. Претходно, на пријателски меч против Ал Хилал зеде дрес на противничкиот тим и со него ги бришеше гениталиите, а сето тоа затоа што навивачите скандираа „Меси. Меси“.