![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2022/12/10/190055-anglija-si-odi-doma-francija-e-polufinalist-na-sp-vo-katar-video.jpg?itok=I1XjpOqE)
Англија си оди дома, Франција е полуфиналист на СП во Катар (ВИДЕО)
Првиот гол на натпреварот падна по 17 минути игра кога Орелиен Чуамени испрати вистинска „бомба“ од 25 метри и го матира Џордан Пикфорд, а потоа Англија беше поактивна во нападот и се обидуваше да стигне до израмнување.
Хари Кејн од пенал во 54. минута погоди за 1-1, по што Французите повторно го вратија водството преку Оливие Жиру во 78. минута.
Напаѓачот на Тотнем, Кејн имаше втора шанса од белата точка да го матира Уго Лорис и да ја врати Англија во живот, но не беше прецизен и Франција славеше со 2-1.
Франција ќе се бори со Мароко за финале на СП, додека Аргентина и Хрватска ќе се судрат во второто полуфинале.