Повредата на Дејвис не е наивна, подолго ќе биде надвор од теренот!

Ентони Дејвис покажа моќ на првиот натпревар во дресот на Далас, но заработи и повреда поради која предвреме го заврши мечот.

„ЕСПН“ сега пишува дека Дејвис има истегнување на левиот адуктор и неколку недели ќе биде во аут. Во зависност од тоа како ќе оди рехабилитацијата би можел дури и цел месец да биде надвор од теренот.

Тоа ќе биде сериозен удар за Далас во периодот кога се разгорува борбата за местата во плејофот.