Македонските кошаркарки во последната секунда загубија од Украина!

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија со пораз од Украина ги заврши квалификациите за Евробаскетот, за разлика од претходните натпревари овојпат до самиот финиш се носевме со противникот и бевме поразени со слободни фрлања во последната секунда, конечниот резултат беше 74-72 за Украинките.

Македонија со шест порази од исто толку натпревари ги заврши квалификациите за женскиот Евробаскет. Денеска против Украина пруживме неочекувано силен отпор и малку фалеше да останеме непоразени.

Натпреварот го почнавме лошо Украина првата четвртина ја добисо 22-12, но намаливме во вториот период и на полувремето заминавме со седум негатива, беше 37-30, за домашната селекција. Од 30 поени, Митрашиновиќ и Николиќ реализраа 28, првата даде 17, втората 11.

Македонија најдобро одигра во последниот период кој го добивме со 24-16. Пред крајот успеавме да поведеме со 72-71, но последната минута им припадна на Украинките. При нерешени 72-72 во последната секунда тие добија две слободни фрлања кои ги реализираа и дојдоа до победата од 74-72.

Митрашиновиќ беше најефикасна на мечот, постигна 33 поени, имаше седум скока и седум асистенции, Николиќ реализираше 13 поени. Кај Украина Иагупова постигна 19 поени, имаше и 10 асистенции.

Од нашата група Србија како првопласирана избори место на Евробаскетот, Португалија заврши на второто место, Украина беше трета, а Македонија последна.