Агентот на Олмо не ја затвора врата за трансфер во Манчестер сити

Шпанскиот фудбалер Дани Олмо сè почесто се поврзува со трансфер во Манчестер сити, а интересот на англиските медиуми за неговата иднина не стивнува.

Шпанскиот репрезентативец зад себе има одлична сезона во која со Барселона успеа да освои три трофеи, а за неговата иднина се огласи неговиот агент,, Анди Бара.

„Во моментов не разговараме со ниту еден клуб освен со Барселона. Дани е среќен , освојува трофеи и е важен дел од тимот. Гласините не се точни. Но, се разбира, никогаш не можеш да знаеш што носи иднината, изјави Бара за „Скај Спорт“.

Ќе потсетиме, Олмо во редовите на Барселона пристигна за сума од 55 милиони евра од редовите на Лајпциг, но во минатото исто така беше дел од таборот на каталонскиот гигант во младинските категории.

Фото: FC Barcelona/X