Трајковски: Нема лесен противник, се надеваме на добар резултат со Велс!

Македонија ги почна квалификациите за Светското првенство (СП) со триумф од 3-0 против Лихтенштајн, а еден од головите беше дело на Александар Трајковски.

Трајковски го постигна првиот гол на натпреварот со глава во седмата минута, по што кажа дека секогаш за ривалите се подготвуваат како следниот меч да им е најважниот.

„Знаевме дека многу е важно да започнеме со победа, но и секој натпревар е важен. Нема лесен противник, можеби така изгледа, но ние за секој натпревар се подготвуваме како е да најважниот натпревар. Во Скопје нè чека нов натпревар и потежок од овој денеска затоа што играме против поквалитен противник, па ни следат подготовки за тој натпревар и ќе се обидеме да победиме. Сакам да се заблагодарам на сите навивачи што денеска беа тука и се надевам на уште поголема поддршка против Велс во Скопје“, вели Трајковски.