
Јувентус потврди: Отказ за Мота, Тудор е нов тренер!
По двата тешки порази во кои Јувентус прими седум гола, а не даде ниту еден, раководството на клубот се одлучи за тренерска смена додека трае репрезентативната пауза.
„Игор Тудор е нов тренер на првиот тим. Добредојде назад Игор.
Клубот сака да му заблагодари на Тијаго Мота и неговиот стручен штаб за професионализмот кој го демонстрираше и за работата во овие месеци која ја извршуваше со пасија и посветеност, му посакуваме се најдобро во иднина“, стои во соопштението на Јувентус.