Трајковски го даде последниот гол за вистинскиот Палермо, а сега ѝ пресуди и на Италија во - Палермо (ФОТО)

Македонскиот херој вечерва е Александар Трајковски, офанзивниот фудбалер кој најдобро ја познаваше „Ренцо Барбера“, зашто мина четири години во Палермо, сѐ до банкротот на сицилијанската гордост.

УС Чита ди Палермо беше сицилијанскиот великан, чиј дрес Трајковски го носеше од 2015 до летото 2019 година пред да банкротира клубот и да се формира нов, кој сега е во третолигашката конкуренција.

Вечерва во Палермо, Трајковски ја расплака Италија, па од два директни шута кон голот на Џиџо Донарума, даде еден и тоа велемајсторски за „аѕурите“ втор Мундијал по ред да го пропуштат.

А пред три години, Трајковски го даде последниот гол за вистинскиот Палермо пред клубот да банкротира. Сега, три години потоа првпат се врати на Сицилија и ја „банкротира“ Италија, актуелниот европски првак, на кој во октомври 2017 година ѝ даде гол за ремито 1-1 од кое почна фудбалската ренесанса на македонската репрезентација