Стојановски: Пресреќен сум за дебито и голот!

Младиот макеоднски репрезентативец Влатко Стојановски, фудбалерот на француски Ним дебитираше вечерва во Виена со гол во поразот на Македонија од Австрија со 1-2 и остави силен впечаток, зашто имаше три одлични шанси од кои погоди еднаш.

Стојановски во последните 20 минути од мечот, кога Австрија се задоволи од водството, а Македонија ја презема иницијативата имаше три супер-шанси. Прво биеше од 16 метри сантиметри крај дирекот, па со глава одличо изреагира но ударот му го одбрани Шлагер, за секунди пред последниот судиски свиреж да погоди во мрежата.

„Секој фудбалер е среќен кога ќе дебитира за репрезентацијата, а уште посреќен кога ќе даде гол. Но, тоа нам напаѓачите ни е работа. Покажавме во вториот дел дека можеме да се надигруваме со сите. Дали ќе играм со Израел знае селекторот, а ако добијам шанса ќе се потрудам да ја искористам“, вели Стојановски.