Среќен крај на драмата: Репрезентацијата слета во Скопје откако беа отстранети проблемите со авионот!
Фудбалерите претходно полетаа од Истанбул, но по само 20 минути авионот мораше да се врати на аеродромот во турскиот град затоа што пилотот информирал за технички проблеми.
Воздухопловот се врати на аеродромот во Турција, по што била извршена проверка врз истиот и недостатоците биле поправени, па така вечерва селекцијата безбедно слета во Скопје, нешто по 19.40 часот.
Ова е втора поголема непријатност во историјата на авионските летови на Фудбалската репрезентација на Македонија, откако во 2005 година на летот кон Ерменија, без причина воздухопловот на тогашната авиокомпанија МАТ беше вратен додека прелетуваше над Турција.