Македонските фудбалери полетаа, па се вратија во Истанбул - дефект на авионот!

Македонската фудбалска репрезентација доживеа непријатен момент во Истанбул откако најпрво летнаа со авионот, но се вратија на аеродромот поради дефект.

Пристигнувањето на македонските фудбалери во Скопје е одложено за неопределено време откако се јавија проблеми со чартер авионот со кој патуваат.

Авионот полета од Истанбул, но по 20 минути повторно се врати на најголемиот турски аеродром по барање на пилотот.

Се работи за мал технички проблем кој треба да се отстрани и авионот да полета од Истанбул кон Скопје.