„Сите чекавме промени после срамот во Англија, ФФМ реши да ја доуништи најдобрата генерација“
Пандев е легенда на италијанскиот фудбал, па често има збор во тамошните медиуми. Сега е интересен за нив поради мечот во сабота меѓу Македонија и Италија. Тој уште еднаш го кажа своето мислење за актуелната состојба во нашата репрезентација.
„По поразот од 7-0 од Англија, Милевски требаше да поднесе оставка. Федерацијата застана во негова одбрана, но не сме мирни, репрезентацијата минува низ еден комплициран момент. Не знам како ќе играме против Италија. Очекував дека Милевски ќе се повлече, но не се случи тоа. Стефан Ристовски, капитенот, речи да не одговара позитивно на повиците на репрезентацијата додека тој е селектор. Ристовски разговараше со Милевски ова лето, на крајот соопшти дека нема да игра додека тој е селектор“, вели Пандев за „Кориере дело Спорт“.
Тој смета дека ова раководство на ФФМ и Милевски ја уништиле златната генерација и сега ќе треба трипати повеќе да се бориме за да го достигнеме нивото на кое веќе бевме.
„Сите очекуваа промена, навивачите исто така ја бараа. Проблемот е многу подлабок и ги погодува и оние над тренерот, тука мислам на луѓето од Федерацијата. Јас немам амбиција да станам претседател на ФФМ, не ме интересира тоа. Но има многу проблеми, не ги градиме темелите, не инвестираме во младинскиот сектор во нашата земја во која се уште е тешко за децата да тренираат. Тие ја уништија најдобрата фудбалска генерација создадена во последните 30 години. Имаа други интереси. Се собраа и го потврдија Милевски наспроти советите на сите. Сега за да се вратиме на нивото на кое ги постигнавме тие резултати, ќе треба да се бориме трипати повеќе“, рече Пандев.