Селтик подготвен да потроши рекордна сума пари за да го купи Миовски!

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, е на добар пат кариерата да ја продолжи во елитен европски клуб, откако островските медиуми денеска на големо пишуваат дека тој е примарна цел за управата на Селтик во зимскиот преоден рок.

Нашиот напаѓал блесна минатата сезона во дресот на Абердин со 18 постигнати голови, а досега во новото првенство веќе 11 пати се запиша во листата стрелци. Тренерот на „келтите“, Брендан Роџерс, не крие дека е голем фан на Миовски и дека нема да жали пари за да го донесе во Глазгов.

Селтик, неофицијално, е подготвен да плати рекордна сума за трансфер помеѓу два шкотски клуба, која во моментов изнесува 4,4 милиони фунти при купувањето на Скот Браун во 2007 година од Хиберниан. Ова би бил огромен профит за Абердин, кој пред година ипол потроши само 650.000 фунти за да го купи фантастичниот Македонец.