Македонската фудбалска репрезентација денеска се собра во Скопје и ќе ги почне подготовките за пријателските натпревари против Хрватска и Чешка.

Репрезентативците ќе одиграат два натпревари на гостински терен, а селекторот Благоја Милевски не направи големи промени во составот.

Дуелот против Хрватска е закажан за 3 јуни во Риека, додека вториот меч се игра на 10 јуни во Чешка.