Претседателот Пендаровски меѓу првите ги дознал новите засилувања на Јунајтед!

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, престојот на Светскиот економски форум во Давос го искористил за средба со Аврам Глејзер, сопственикот на еден од најпопуларните светски фудбалски клубови, Манчестер Јунајтед.

Како што самиот напиша на социјалните мрежи, тие разговарале за идниот статус на Кристијано Роналдо, но и за најновите засилувања на „ѓаволите“, но и за македонскиот репрезентативен фудбал, кој е во подем.

„Со сопственикот на Манчестер Јунајтед разговаравме за подемот на македонскиот репрезентативен фудбал и квалитетот на нашите фудбалери. Зборувавме и за Роналдо, несомнено еден од најдобрите во светот. Ја имав честа од прва рака да чујам за неговиот иден статус и за најновите засилувања во клубот“, напиша Пендаровски.