Потврдено: Косово без најдобриот ќе ѝ гостува на Македонија!

Македонската фудбалска репрезентација на 8 октомври ќе го одигра можеби најважниот меч во досегашната историја и тоа против Косово во претпоследната пречка за пласман на Евро 2020 преку Лигата на нации, во кој противникот ќе влезе сериозно ослабен.

По денешната првична информација дека најдобриот косовски фудбалер, Ведран Муричи е позитивен на Ковид-19, дојде и веста дека тој има и повреда на мускулот на ногата поради која ќе паузира најмалку еден месец. Ова се лоши вести за селекторот на Косовците, но добра за нашата селекција со оглед што станува збор за најопасниот играч на противникот.

Во второто полуфинале од минатото издание на Лигата на нации, кое беше пролонгирано поради пандемијата со Ковид-19, силите ќе ги одмерат Белорусија и Грузија.