Поранешниот репрезентативец Даниел Георгиевски ја заврши кариерата (ФОТО)

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Даниел Георгиевски официјално замина во пензија на само 33 годишна возраст. 

Десниот бек преку „Фејсбук“ обајви дека става крај на професионалната кариера.

„До моето семејство, моите фанови, клубовите и тренерите и до фудбалот, благодарам. Моето патување беше возбудливо и полно со успеси, незаборавни моменти и тобоган од моменти. Едвај чекам на моето следно поглавје со семејството и пријатели““, напиша Георгиевски. 

Георгиевски е роден во Блектаун во Австралија, но реши да игра за македонската фудбалска репрезентација, бидејќи неговото семејство е од овие простори. Тој уште како младинец дојде во Европа и настапуваше за младинскиот тим на Динамо Загреб. Откако играше за Меџумурје и Шибеник се пресели во Стеауа во Романија. Во 2014 година се врати во Австралија и играше за Мелбур виктори, Њукасл џетс, Вестерн Сиднеј вандерерс, а последен клуб му беше Мелбурн сити. 

За македонската фудбалска репрезентација одигра 22 натпревари, а играше и за младинците и за селекцијата до 19 години.