Пандев со солзи во очите ја пееше химната за последен пат како капитен на Македонија (ВИДЕО)

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев со солзи во очите денеска за последен пат ја испеа националната химна на последниот меч од ова деби на Македонија на Европското првенство.

За Пандев овој денешен меч со Холандија во Амстердам е последен во својата репрезентативна кариера, после точно 20 години како го носи црвено-жолтиот дрес, па многу емотивно Пандев ја отпеа националната химна, после што доби посебен дрес од Холанѓаните за неговиот последен меч за националниот тим.