Пандев одморен ќе дојде на подготовките за мечот со Косово!

Џенова се соочи со голем број позитивни случаи на ковид-19, а за среќа македонскиот репрезентативец Горан Пандев не е меѓу нив. Поради лошата состојба во клубот, италијанската Серија А реши да го одложи мечот против Торино.

Извршниот комитет на Серија А реши дека нема услови за одржување на натпреварот, па така македонскиот фудбалер ќе се врати одморен во Македонија, каде што ќе ги продолжи подготовките за историскиот меч против Косово во баражот за пласман на Евро 2020, кој е закажан на 8 октомври.

Италијанските клубови имаат можност да побараат едно одложување на натпревар, доколку имаат најмалку 10 позитивни случаи на ковид-19.