Откриени платите на сите во Серија А: Елмас најплатен Македонец, Нестор-гол пред Пандев (ФОТО)

Најреномираниот спортски весник во Италија, Газета дело спорт, денеска ги објави платите на сите фудбалери кои настапуваат во Серија А, нешто што традиционално го прави на почетокот од сезоната.

Елиф Елмас е шести најлошо платен играч во Наполи со годишна плата од 1,5 милиони евра, но и покрај тоа тој е најплатениот македонски интернационалец кој сеозната ќе игра во италијанската елита. Високата сума е благодарение на новиот договор што неодамна го потпиша со важност до 2025 година.

Помалку неочекувано, зад него не е ветеранот Горан Пандев туку Илија Несторовски, кој сезонава ќе инкасира 700.000 евра, со што е седми најплатен фудбалер во екипата на Удинезе. Капитенот на репрезентацијата е трет на листата македонски интернационалци во Серија А, со годишни примања од 500.000 евра во Џенова. Од него има само уште пет фудбалери со помала плата.

Најплатен фудбалер во Серија А останува Кристијано Роналдо, со плата од 32 милиони евра. Зад Португалецот се наоѓа Де Лихт со осум милиони евра, а Топ 10 листата ја компллетираат Џеко и Лукаку од Интер, Дибала (Јуве), Џеко (Рома) со по 7,5 милиони евра годишно, како и Рабио, Рамзи (двајцата од Јувентус), Алексис Санчез (Интер) и Ибрахимовиќ (Милан), кои ќе инкасираат по седум милиони евра.