Официјално: Вардарецот Тошевски следните две сезони во дресот на Тирана!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Тошевски (26 години) и официјално потпиша двегодишен договор со албанскиот прволигаш Тирана, со што се официјализираа претходните најави за негово заминување од таборот на Вардар.

Станува збор за фудбалер кој игра на повеќе позиции во одбраната, пред се крај десната аут линија каде што беше најчесто во црвено-црниот дрес минатата сезона. Во Тирана доаѓа како големо засилување од кое се очекува многу, пред сѐ во квалификациите за Лигата на шампионите.