Официјално: Мауро Икарди не иде на Копа Америка

Како што беше и најавено, фудбалерот на Интер, Мауро Икарди не се најде на списокот на Аргентина за Копа Америка. Селекторот на „гаучосите“, Лионел Скалони денеска и официјално го објави списокот за ова натпреварување.

Икарди според информациите е отпишан поради тоа што долго отсуствуваше од терените, а некое време беше и повреден. Составот на Аргентина за Копа Америка изгледа вака:

Андрада, Армани, Марчешин, Фојт, Фунес Мори, Отаменди, Пецела, Каско, Акуња, Саравиа, Таљафико, Паредес, Родригез, Ло Селсо, Переира, Паласиос, Де Пол, Агуеро, Ди Мариа, Дибала, Мартинез, Матиас Суарез.