Македонската фудбалска репрезентација утре од 18 часот ќе гостува кај Грузија во рамки на 5.коло во Лигата на нации.

Вечерва избраниците на селекторот Благоја Милевски го одработија последниот тренинг на стадионот „Борис Паиџаѕе Динамо Арена“. Трибините утре ќе бидат полни,  а македонските фудбалери ги очекува пеколна атмосфера пред повеќе од 50.000 навивачи. 

Иако сме некомплетни, нашите момци треба да покажат дека имаат квалитет и да го изненадат тимот, кој во првата средба не преслуша со 3-0 во Скопје.