Надежите од најслабиот шешир ги чекаат противниците за елитната фаза

Македонската надежна селекција до 19 години која обезбеди елитни квалификации за пласман на Евро 2020 во Северна Ирска, а утре точно напладне во Нион, ќе ги дознае трите противници во квалификациската група, од која првопласираните ќе одат на континенталниот шампионат што ќе се игра од 19 јули до 1 август.

Македонија, која се протна во елитната фаза со победата против Луксембург со 3-0 и поразот на БиХ од Англија со 1-4, е сместена во најслабиот шешир за ждрепката. Макеоднија поради слабиот коефициент на УЕФА ранг-листата за селекции до 19 години се најде во четвртиот барабан и нема да може да игра во групата со селекции како Словачка, Словенија, Русија, Србија, Летонија и Финска.

Црвено-жолтите надежи кои ги води Горан Станиќ нема да може да се паднат ниту со Англија, која не распарчи во Скопје со 5-0, зашто според правилникот не може селекции од првиот квалификациски филтер повторно да играат меѓусебе.

ПРВ БАРАБАН: Португалија, Австрија, Холандија, Англија, Италија, Шпанија, Грузија

ВТОР БАРАБАН: Турција, Белгија, Чешка, Норвешка, Украина, Велс, Шкотска

ТРЕТ БАРАБАН: Швајцарија, Германија, Франција, Бугарија, Хрватска, Исланд, Данска

ЧЕТВРТИ БАРАБАН: Словачка, Словенија, Русија, Србија, Летонија, Финска, МАКЕДОНИЈА.

Ќе се формираат седум групи по четири тима, а најдобрите одат на ЕП, које е практично и квалификациско за место на СП до 20 години во Индонезија. Најдобрите европски селекции од ова првенство во С. Ирска ќе обезбедат пласман на Мундијалот.