Надежите до 19 години ја совладаа Црна Гора на првиот контролен меч

Македонските репрезентативци до 19 години триумфираа против селекцијата на Црна Гора со 2-0 во првата од двете контролни средби меѓу овие репрезентации.

Црногорците дадоа добар отпор во првото полувреме и ја зачуваа својата мрежа, иако и нашите репрезентативци промашија неколку добри шанси, но сепак во 54. минута од пенал Грегори Давков стрелаше за водство од 1-0 на Македонија.

Надежите до 19 години продолжија со нападите кон голот на Црна Гора, а вториот гол го постигнаа преку Фета Бехар во 69. минута и така го потврдија триумфот во првиот тест-меч.

Вториот контролен меч против Црна Гора ќе се одигра на 15 април од 11 часот.