Митровски: Ја анализираме Белгија, се подготвуваме психолошки и тактички!

Зад Димитар Митровски е најдобрата сезона на клупски план, тој е еден од нашите репрезентативци кои се наоѓа во најдобра форма.

Со одличните игри во Вараждин се најде во тимот на сезоната во најдобрата хрватска лига, а сега неговиот фокус е Македонија и мечевите со Белгија и Казахстан.

„Не очекува доста тежок натпревар, треба да направиме многу добра анализа, да анализираме каде, што, како да потполниме. Јавноста може да очекува да бидеме на максимум, ќе дадеме се од себе. Секој меч ни е значаен, секој меч носи бодови. Се надеваме дека ќе освоиме бодови, ќе дадеме максимум. Најмногу внимание се посветува на психолошкиот и тактичкиот дел, се надевам дека ќе изгледаме добро“, рече Димитар Митровски.

Македонија на 6 јуни во петок од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Белгија, а три дена подоцна му гостуваме на Казахстан.