Миовски: Лихтенштајн не сакаше да игра фудбал, но ние ја остваривме целта!

Македонската фудбалска репрезентација триумфира со 3-0 на гостувањето во Вадуц кај Лихтенштајн, а македонскиот напаѓач Бојан Миовски го постигна третиот погодок на средбата.

Миовски по натпреварот кажа дека е разочаран од ривалите затоа што не сакале да се трудат на теренот.

„Многу сум разочаран од Лихтенштајн затоа што теренот не беше наводнуван и игравме на сув терен, а тоа ни создаваше многу проблеми во првото полувреме. Исто тие така тие излегоа на терен и не сакаа да играат фудбал што е многу жално, но ние дојдовме со една цел, а тоа е да освоиме три бода. Можеби победата изгледа рутинска, меѓутоа беше тешко да се игра, добро е што рано постигнавме гол, исто така и вториот гол дојде во вистински момент. Овие три бода се одлични за старт на квалификациите. Благодорност и до публиката што дојде во голем број. Се чувствуваме како да играме дома, се надевам ќе дојдат и во Скопје да не поддржат биддејќи ќе ни бидат потребни во комплетните 90 минути“, кажа Миовски.