
Милевски: Не беше лесно да се игра, но момците покажаа карактер
Во период кога сите во Македонија тагуваат поради големата трагедија во Кочани, македонските фудбалери мораа да играат важен меч во Вадуц. Победивме, тие рутински си ја завршија работата, а селекторот е задоволен од тоа што го виде.
„Честитки за моите фудбалери кои смогнаа сили и карактер и го одиграа мечот под овие околности. Детално го анализиравме Лихтенштајн, гледавме 7-8 нивни натпревари, особено ремито во Букурешт против Романија. Бевме максимално подготвени и тактички и физички. Искрено не ни беше важна разликата, туку трите бода. Најголема придобивма од овој меч се менталната реакција и трите бода“, рече Милевски на прес-конференцијата по мечот.
„На полувремето го извадив Серафимов поради жолтиот картон, имавме и проблеми со повредеи како Исник Алими кој доби удар во зглобот. Верувам дека сите ќе бидеме здрави за мечот вторник. Ни следува поинаков натпревар со поразличен противник. Веќе мислиме на Велс, сметам дека ова ќе ни биде најтешкиот меч во квалификациите“.