
Мегваер ептен брзо си ги раскрваве колената на тврдиот терен на Градски (ФОТО)
Дека тие и не пишувале на празни покажува и почетокот од овој дуел, особено кога ќе се погледнат нозете на дефанзивците на „Гордиот Албион“. Тоа особено е забележиво кај Хари Мегваер, чии колена беа целите крвави уште по нецели половина час од средбата. Ништо подобри не беа ниту колената на дел од нашите репрезентативци, првенствено на дефанзивецот Никола Серафимов.
Поради страв од повреди и вакви ситуации налик на оваа со стоперот на Манчестер Јунајтед, реакција на ваквите услови имало дури и од клубовите од каде што доаѓаат репрезентативците на Англија. Тие буквално молеле нивните фудбалери да не се најдат во составот на островската селекција, односно да бидат поштедени од можноста да играат на вака, според нивните стандарди, лош терен.