Македонски репрезентативец туркаше автобили заглавени во снегот во Шпанија (ВИДЕО)

Шпанија вчера беше погодена со големо снежно невреме, кое направи големи проблеми на фудбалерите од многу екипи, меѓу кои беше и Реал Мадрид, но и второлигашот Рајо Валјекано за кого настапува македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски.

Шпанските аеродроми се блокирани, а патиштата непроодни, што значеше голем проблем за нашиот чувар на мрежата и неговите соиграчи, кои се обидуваа да стигнат во Бургос, каде што утре треба да ги одмерат силите со тимот на Мирандес. Автобусот на Рајо Валјекано не можеше да се пробие поради големиот број заглавени автомобили, поради што Димитриевски и останатите беа принудени со туркање да им помогнат за да можат потоа заеднички да стигнат до крајната цел на своите патувања.